Фиорентина не издржа, Нкунку со „бомба“ во 90. минута го спаси Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина во самата завршница од натпреварот против Милан испуштија три бода, а херој на „росонерите“ беше Нкунку.

Првото полувреме не донесе погодоци, но во финишот дојде до тензија, а бурно реагираше тренерот на „виолетовите“, Паоло Ваноли кој беше испратен на трибините.

Сликата на теренот не се промени премногу и во вториот дел, двете екипи имаа по некоја ретка прилика. Фиорентина успеа да искористи една во 66. минута кога погоди Комузо. Милан од пораз успеа да се извлече во 90. минута кога Нкунку со еден силен удар го совлада Де Геа.

Фиорентина во последните секунди можеше и повторно да дојде до водство, но обидот на Брешанини заврши во пречката.