Шокантни детали: Фудбалер на Јунајтед поради Фергусон си ја продал куќата и ја избркал девојката!
Сега Ли Шарп кој за Јунајтед играше од 1988 до 1996 година откри шокантни детали за тоа како еден слаб настап против Ливерпул го променил целосно неговиот секојдневен живот.
По катастрофалниот меч на „Енфилд“, Фергусон му наредил на фудбалерот да ја продаде куќата, автомобилот, дури и кучето и да продолжи да живее во клупските простории.
Особено болна била и наредбата неговата тогашна девојка веднаш да се врати во Бирмингем, целта на Фергусон била да го елиминира секој фактор што му го одвлекувал вниманието од теренот.
Шарп потврди дека без размислување ја послушал наредбата на Шкотланѓанецот, иако секако не му било сеедно.
И покрај строгиот режим, Шарп успеал да остане во Јунајтед осум години во кои освои и три титули во Премиер лигата.