Хорор сцена: Фудбалер по крвнички старт исфрлен доживотно од фудбалот (ВИДЕО)

Од пониските лиги во Индонезија пристигнува сцена која стана вирална социјалните мрежи, а виновникот сосема заслужено заработи доживотна суспензија од фудбалот.

Имено, во натпревар од пониските рангови во оваа земја еден од учесиците брутално удри противник во градите.

Повредениот фудбалер остана подолго да лежи на тревникот, а неговите соиграчи влегоа во расправија со судијата кој без размислувње го исклучи.

Веднаш по натпреварот реагираше и Индонезиската фудбалска асоцијација која доживотно го суспендираше.