Балотели пристигна на потпис во новиот клуб (ФОТО)

Некогаш голема надеж на италијанскиот фудбал, Марио Балотели пронајде нов предизвик во кариерата.

По кратката и неуспешна епизода во Џенова, контроверзниот напаѓач ја продолжува кариерата во Обединетите Арапски Емирати, каде што потпиша договор со второлигашот Ал-Итифак.

Балотели во Ал-Итифак пристигнува како слободен играч по раскинот на договорот со Џенова минатото лето. Неговото враќање во Серија А во минатата сеезона не помина добро и брзо ја заврши епизодата во еден од најстарите италијански клубови.

Ал-Итифак во овој момент се наоѓа на самото дно на табелата во втората лига на ОАЕ, на 15. место, со само шест освоени бодови од 11 натпревари. Екипата има постигнато шест гола, па клупската управа се надева дека токму Балотели може да биде човекот кој ќе ја подобри ефикасноста.

Договорот е потпишан до крајот на сезоната, а Ал-Итифак е дури 15. клуб во професионалната кариера на Италијанецот.