Фудбалерот кој доби срцев удар на терен му се враќа на фудбалот, но не може да игра во Италија!
Пред 13 месеци во дресот на Фиорентина, Бове го исплаши фудбалскиот свет откако се струполи на теренот во безсознание, доби срцев удар.
Благодарение на интервенцијата на лекарите неговиот живот беше спасен. Подоцна му беше вграден и дефибрилатор.
Веќе е познато дека во Серија А фудбалерите не може да играат со дефибрилатор, па Бове беше приморан кариерата да ја продолжи надвор од својата земја. Ситуација слична како и онаа на Кристијан Ериксен.
Во наредниот период се очекува Бове да стави потпис на договор со Ватфорд и да се пресели во Англија.