Турски гигант е подготвен да плати 1,5 милиони евра за Мато!?
Скаутингот на Трабзон дал позитивен извештај за Мато, а наводно зелено светло за ангажман на фудбалерот има и од Фатих Теке кој во крилниот офанзивен фудбалер гледа идеално засилување.
Во меѓувреме Вардар одби понуда од 350.000 евра од Хартс и објави дека ставил откупна клаузула од 1,5 милиони евра за Мато.
Од Турција има најави дека Трабзон е подготвен да ја плати таа сума и во наредниот период можни се конкретни чекори.
Ако се реализира овој трансфер, тоа ќе биде најскапо продадениот фудбалер од македонското првенство.