Милан губи млад талент: Нов предизвик за синот на Ибрахимовиќ

Талентираниот Максимилијан Ибрахимовиќ, син на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, наскоро би можел да го напушти Милан и да се пресели во Ајакс.

Ајакс сака да го земе 19-годишниот фудбалер на позајмица, но со опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната, а ова треба да биде добар чекор во кариерата на младиот фудбалер со оглед на тоа дека неговиот татко блесна во Ајакс и од таму тргна неговиот подем.

Планот на тимот од Амстердам е Максимилијан да тренира со првата екипа, а на почетокот би играл натпревари за Јанг Ајакс.

Младиот фудбалер, кој игра како крило, има договор со „росонерите“ до 2027 година, но најверојатно Ајакс ќе го откупи на крајот на сезоната.

Фото: Instagram/milanfuturo