„Страшниот“ Шарлот броеше до 150, ѕвезда на Бостон удри по судиите (ВИДЕО)

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс беа на чекор до рекордот на сезоната во НБА, откако како гости убедливо ја совладаа Јута Џез со 150-95, постигнувајќи само два поени помалку од најдобриот поентерски учинок сезонава, кој го држи Чикаго Булс.

„Стршените“ до триумфот дојдоа со одлична тимска игра и рамномерна распределба на поените, при што дури девет кошаркари имаа двоцифрен учинок. Најефикасен беше Тре Ман, кој како резерва уфрли 20 поени за само 12 минути. Брендон Милер додаде 18, а ЛаМело Бол 17 поени. Кај Јута се истакна Брајс Сенсабо со 26 поени. Рекордот на сезоната и натаму им припаѓа на Чикаго, кој непосредно пред Божиќ ја победи Атланта Хокс со 152-150.

Бостон Селтик, пак, загуби на домашен терен од Сан Антонио Спарс (95-100), по што ѕвездата на „келтите“, Џејлен Браун, јавно го критикуваше судењето.

„Преку глава ми е од нивната непостојаност. Подготвен сум да ја платам казната зашто го кажувам ова“, изјави Браун, кој мечот го заврши со 27 поени, исто колку и Дерик Вајт.

Кај „мамузите“, Виктор Вембањама и Ди’Арон Фокс постигнаа по 21 поен, за 27. победа на тимот во 38 одиграни натпревари.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Минесота 146-134, Шарлот – Јута 150-95, Бостон – С. Антонио 95-100, Индијана – Мајами 123-99, Детроит – ЛА Клиперс 92-98, Чикаго– Далас 125-107.