Гилџес Александер со 46 поени и кош со звукот на сирената ја спаси Оклахома (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион Оклахома Сити Тандер го избегна третиот пораз по ред откако ноќеска, по продолжение, ја победија Јута со 129-125.

Клучен играч на мечот беше Шеј Гилџес Александер кој постигна 46 поени, но во основниот дел од мечот го спаси својот тим од пораз со кош со звукот на сирената. Со тоа избори продолжение во кое Оклахома успеа да го скрши отпорот на противникот, но и да избегне резултатска криза, кога веќе ривалите се на безбедно растојание.

Канаѓанецот шутираше 1/8 за тројка, но беше релативно прецизен од другите позиции, погодувајќи 13/18 за два и 17/19 од линијата за слободни фрлања. Покрај него, се истакнаа уште Холмгрен со 23 и Џејлен Вилијамс со 17 поени. На Јута Џез не ѝ беше доволен Лаури Марканен кој постигна 29 поени, вклучувајќи кош за водство на три секунди пред крајот, за 114-112.

Оклахома и натаму е најдобар тим во лигата со биланс 31/7, додека Јута го држи 13. место на Западот со 12/24.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Денвер 110-114
Шарлот – Торонто 96-97
Детрпот – Чикаго 108-93
Филаелфија – Вашингтон 131-110
Атланта – Њу Орлеанс 117-100
Бруклин – Орландо 103-104
Њујорк – ЛА Клиперс 123-111
Мемфис – Феникс 98-117
Оклахома – Јута 129-125
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 107-91
Голден Стејт – Милвоки 120-113
Портланд – Хјустон 103-102