Де Брујне поради Светското првенство уште во јануари заминува од Наполи?
Според истите извори, управата на Наполи е подготвена да ги разгледа сите понуди што би пристигнале од Саудиска Арабија, додека и самиот Де Брујне сериозно размислува за својата иднина.
Белгиецот беше опериран во октомври и не се очекува неговото враќање на терените пред март оваа година. Сепак, и покрај повредата, за неговите услуги има интерес од неколку клубови од саудиската лига, а Наполи е подготвен да ги разгледа понудите уште во овој месец.
„Ил Матино“ пишува дека Де Брујне би бил спремен да го напушти Наполи, бидејќи преселбата во Саудиска Арабија би му овозможила можеби повеќе простор за игра веднаш по повредата, додека во Наполи веројатно би добил многу помала минутажа во финишот од сезоната.
Белгискиот репрезентативец следната недела се очекува да се врати во Неапол, каде што ќе го продолжи процесот на рехабилитација. Како што е познато, тој пристигна во Наполи минатото лето како слободен фудбалер, по истекот на неговиот договор со Манчестер сити.
Во дресот на Наполи, Де Брујне постигна четири гола и запиша две асистенции на 11 настапи во сите натпреварувања.