Поведена постапка против Сејдини - нелегално исплатил 700.000 евра!
Пријавата е поврзана со авансна исплата од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградбата на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, која била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на УО, надвор од утврдените надлежности и без обезбедена банкарска гаранција, што било и во спротивност со прифатената понуда.
Фудбалската влада оценува дека во случајот постојат елементи на тешки повреди на службените обврски, како и дејствување спротивно на интересите на федерацијата, со што се предизвикани негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на ФФМ. Понатамошниот тек на постапката ќе го води Дисциплинската комисија, која треба да ги разгледа наводите и доказите и да донесе одлука согласно актите на федерацијата.