Падна и Челси: Серијата на Астон Вила стигна до 11 победи (ВИДЕО)

Астон Вила со пресврт го победи Челзи на Стемфорд Бриџ со 2-1, продолжувајќи ја победничката серија која трае речиси два месеца.

Тимот на Унаи Емери продолжи со својата одлична форма, обезбедувајќи ја осмата последователна победа во Премиер лигата, а вкупно победа број 11 ако се сметаат и останатите натпреварувања во кои учествува. Вила еден час беше во нокдаун, но се крена од бездната и го шокираше Стемфорд Бриџ.

 

 

Домашниот тим поведе во 37. минута. Џејмс изведе корнер, Жоао Педро ја допре топката и успеа да постигне гол за 1-0. Херој на Астон Вила беше Оли Воткинс кој влезе во игра во 59. минута, четири минути подоцна израмни, а во 84. се погрижи за целосен пресврт на својот тим. Во финишот од мечот, гостите можеа да дојде и до поубедлива победа, Санчо и Дињ беа непрецизни.

Челси сега е петти на табелата со 29 бода, додека Астон Вила е трета со 39 бода, само три зад лидерот Арсенал. Во следното коло Вила гостува токму кај првопласираниот тим на табелата, во дербито за крајот на годината.