Taжна вест: Почина најдобриот фудбалер во историјата на двократниот европски шампион

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шкотска, Џон Робертсон почина на 72-годишна возраст.

Најдлабока трага во кариерата, Робертсон остави во дресот на Нотингем форест каде што го сметаат за најдобар фудбалер во историјата на клубот.

Нотингем тажната вест ја потврди преку социјалните мрежи.

„Со голема тага објавуваме дека нашиот пријател и легенда Џон Робетсон не напушти. Тој беше вистински великан и двократен освојувач на Купот на шампионите, поседуваше незаменлив талент, понизност и непоколеблива лојалност. Почивај во мир...“, објави премиерлигашот.

Во двете финалиња на Купот на европските шампиони во 1979 и 1980 година тој имаше клучна улога бидејќи во едното го постигна победничкиот гол, а во другото беше асистент.