Јамал израдува дечиња на плажа, заигра фудбал со нив (ВИДЕО)

Tинејџерот на Барселона, Ламин Јамал ги искористи божиќните празници за да ги „наполни батериите“ и отпатува за Дубаи.

На социјалните мрежи сега се појави и снимка на која може да се види како се забавува со повеќе деца на плажа. Покрај краткиот одмор, Јамал во Дубаи ќе присуствува и на наградите „Globe Soccer Awards“ кои ќе се доделуваат на 28 декември.

Следниот натпревар за Барселона тинејџерот го очекува на 3 јануари кога каталонскиот гигант ќе го игра градското дерби со Еспањол.