Кузмановски: Следи најубавиот период во годината, репрезентацијата сега е позрела

Македонија денеска ги започна подготовките за Европското првенство, а покрај селекторот Кире Лазаров изјава за новинарите даде и еден од најискусните во репрезентацијата, Филип Кузмановски.

Кузмановски најпрво изрази задоволство што Македонија повторно е дел од едно големо натпревање, а јануари го истакна како најубав период од годината.

„Среќен сум што повторно ќе бидеме дел од едно големо натпреваруваање и ова е најубавиот дел од годината, кога се бориме за својата држава. Имаме тешка група, но имаме и квалитет да се бориме. Пред нас е период во кој ќе се подготвуваме и ќе одиграме неколку пријателски натпревари кои сигурно ќе ни помогнат. Репрезентацијата од година во година е позрела и покажуваме квалитет, исто така и македонското првенство оваа година направи играчите да бидат поквалитетни. Голем дел знаат како да играат на резултат, имаме повеќе дерби натпревари, сите што се тука имааат главни улоги во клубовите“, изјави Кузмановски.

На првенството, кое почнува на 16 јануари, Македонија ќе игра во група со домаќинот Данска, Поругалија и Романија.