Пеп ги предупреди фудбалерите: На секој што ќе му се случи тоа, нема да игра!
Имено, по кратката пауза, „граѓаните“ ги чека натпреварот против Нотингем форест кој е закажан за 27-декември. Пеп најави дека пред тој натпревар сите фудбалери ќе мора да застанат на вага.
„Во оној момент кога ќе стигнат по три слободни дена, сакам да видам во каква состојба ќе се вратат. Можат да јадат, но под контрола. Секој што ќе се врати со три килограми повеќе од потребната форма, ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотигнем“ јасно порача Гвардиола.
На табелата во Премиер лигата, Манчестер сити се наоѓа на втората позиција со 37 бода, два помалку од лидерот Арсенал.