Астон Вила го трола навивачот Јунајтед: Со нашата серија ќе имаше две шишања (ФОТО)

Астон Вила ја продолжи импресивната победничка серија со триумфот од 2-1 над Манчестер Јунајтед, а по натпреварот не ја пропуштија можноста да се пошегуваат и со својот противник и со познатиот навивач на „Црвените ѓаволи“.

Тоа е Френк Илет, попознат како „Јунајтед Стренд“, кој вети дека нема да се потстриже додека неговиот клуб не оствари пет победи по ред. Со поразот на Јунајтед во неделата, неговото чекање продолжува и ќе трае најмалку уште еден месец.

По вчерашниот натпревар, на својот профил на Твитер, Вила објави дека тоа беше десетта победа по ред, а потоа го пецна противникот.

„Навивачот на Јунајтед можеше да се потстриже двапати со нашата серија“, напиша администраторот на Вила.

Илет ја почна својата акција во октомври 2024 година кога објави дека нема да се шиша додека Јунајтед не оствари пет победи по ред во сите натпреварувања во кои учествува. Досега најмногу стигна до три, во јануари и во октомври годинава, но тоа се покажа како одличен маркетиншки потег за Илет кој стана планетарно познат и му донесе голема заработка.