Чикаго го израмни рекордот на сезоната во НБА и едвај ја победи Атланта (ВИДЕО)
Ова беше четврти триумф на Булс во последните пет натпревари, а притоа го израмни рекордот на сезоната според бројот на постигнати поени кој до синоќа го држеше Јута Џез од дуелот против Индијана на 11 ноември.
И покрај фактот дека го затрупа кошот на Хокс, Чикаго едвај дојде до победата бидејќи натпреварот за малку ќе отидеше во продолжение. Последниот напад го имаа гостите, Тре Јанг ја имаше топката на 4,9 секунди до крајот, но промаши шут за израмнување. Претходно, половичен од линијата за слободни фрлања на другата страна беше Литванецот, Матас Бузелис кој му донесе водство на својот тим од 152-150.
Бузелис погоди седум тројки од осум обиди, што е негов рекорд на кариерата, а промаши само еден шут од поле - 10/11. Тој го заврши натпреварот со 28 поени за 29 минути.
На другата страна, Јанг беше одличен, постигнувајќи шест тројки од седум обиди, вкупно 35 поени и 9 асистенции, докажувајќи ја својата класа.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто – Хјустон 125-124
Минесота – Милвоки 103-100
Вашингтон – Сан Антонио 113-124
Бруклин – Торонто 96-81
Њујорк – Мајами 132-125
Атланта – Чикаго 150-152