Лампард направи хаос на „Сент Мери“ - ривалите го бркаа по теренот (ВИДЕО)

Англискиот тренер Франк Лампард направи хаос на „Сент Мери“ по мечот меѓу Саутемптон и Ковентри (1-1) во Чемпионшип-лигата.

Лампард славеше по последниот судиски свиреж, а тоа не им се допадна на домашните фудбалери кои почнаа да го бркаат тренерот на Ковентри по теренот.

Во целата мешаница се вклучија и гостинските фудбалери, но за среќа ситуацијата не премина во посериозен инцидент со насилство.