Вест хем беше лесен залак: Манчестер сити е нов лидер во Премиер лигата! (ВИДЕО)
Ерлинг Халанд по само пет минути ја затресе мрежата на „чеканите“, а нов удар за гостите од Лондон пристигна во 38. минута кога Тијани Рејндерс зголеми на 2-0.
Норвешкиот голгетер беше стрелец и на третиот погодок за „граѓаните“, со кој им донесе нови три бодови во англискиот шампионат.
Избраниците на Пеп Гвардиола се лидери со 37 бодови, односно еден поен повеќе од Арсенал, кој допрва треба да го одигра мечот од 17. коло.
Останати резултати:
Бормут – Барнли 1-1
Вулвс – Брентфорд 0-2
Брајтон - Сандерленд 0-0
Фото: Facebook/Manchester City