Халанд го надмина Роналдо по број на голови во Премиер лигата!

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд денеска постигна два гола во победата против Вест хем (3-0), со што го однесе Манчестер сити на врвот во Премиер лигата, а притоа го надмина легендарниот Кристијано Роналдо.

Халанд досега постигна вкупно 104 голови за „граѓаните“ во англискиот шампионат, односно еден повеќе од Роналдо.

Напаѓачот за „граѓаните“ игра од 2022 година, а до импресивната бројка стигна за 114 настапи во елитата.