Четврти пораз во пет меча: Работнички загуби и од Куманово!

Кошаркарите на Работнички се во лоша резултатска серија во македонската Суперлига, откако вечерва загубија со 77-82 од Куманово и тоа беше нивни четврти пораз во последните пет натпревари.

Првата четвртина понуди интересна кошарка и минимално водство на Куманово од 19-17, кое до полувремето се зголеми на 42-37.

Работнички беше ужасен на стартот на третата четвртина и тоа го искористи Куманово за да поведе со +16 (59-43), но екипата од Центар успеа потоа да намали на 56-61.

Возбудливо беше во завршницата на мечот, кога Работнички успеа двапати да дојде на еден поен негатива (77-78), но домашниот тим не дозволи целосен пресврт и славеше со 82-77.

Најефикасен во редовите на Куманово беше Андрија Стевановиќ со 22 поени, шест скокови и шест асистенции, додека Роберт Рикиќ запиша 25 поени, 10 скокови и една асистенција за Работнички.

Останати резултати:

Ангели – Маџари 77-101
Феникс 2010 – Гостивар 77-56
Пелистер - Кожув 76-83