Халанд е машина - го помина Роналдо со 122 натпревари помалку

Ерлинг Халанд денеска се израмни со Дидие Дрогба на 32. место на вечната листа на стрелци во Премиер лигата, а притоа го помина Кристијано Роналдо кој остана зад него.

Сепак, тоа и не е главна вест во врска со остварувањето на норвешкиот голгетер, туку фактот што ги помина, односно израмни двете легенди со далеку помал број одиграни натпревари. На Халанд му беа потребни само 114 меча за да постигне 104 гола, додека Роналдо и Дрогба играа многу повеќе.

Португалецот, на пример, до бројката од 103 гола стигна со 236 одиграни или 122 повеќе од Халанд, додека на Догба за 104 му требаа 254 настапи. Халанд има далеку подобар процент од нив бидејќи во просек постигнува по 0,91 гол на натпревар, додека Роналдо има 0,44, а Дрогба 0,41.

Ако продолжи со вакво темпо, Халанд сезонава може да стигне до топ-20 стрелци во историјата на Премиер лигата затоа што му требаат 19 гола, колку што има досега, по 17 одиграни кола.