Мбапе на роденден го израмни рекордот на Роналдо, Реал дојде на -1 (ВИДЕО)
Мадридскиот тим ја победи Севиља со 2-0, а Французинот го постигна вториот гол за својот тим и тоа од пенал. Мбапе и Роналдо имаат по 59 гола, поранешниот играч на ПСЖ оваа, а Португалецот во 2013 година, но тоа е илјадници милји подалеку од рекордот што го држи Лионел Меси, а кој изнесува 91 гол. По постигнувањето на голот, Мбапе прослави во стилот на Кристијано Роналдо за кого се знае дека бил негов идол во младинските денови.
Рекордот што го израмни Мбапе беше и најзначајната работа од овој натпревар на кој Реал повторно разочара и само поради генијалноста на индивидуалциги освои трите бода. Белингам во 38. минута го отвори резултатот, потоа Куртоа имаше неколку фантастични интервенции со кои спречи израмнување, но и играчите на Реал два пати ја погодија рамката од голот на Севиља. Мбапе стави точка на мечот со ударот од белата точка во 86. минута.
Со оваа победа Реал се доближи на само еден бод од лидерот Барселона која утре има тешко гостување кај Виљареал. Како игра Реал последните два месеца, ова е дури и одлична состојба на екипата, без разлика дали Барса утре ќе победи или не.
фото: EPA photo