Јуве не се откажува од титула - ја тресна Рома и се доближи до врвот (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус ја оствари третата победа во последните четири кола откако вечерва на домашен терен ја совлада Рома со 2-1.

Мечот против „волчицата“ дојде во одличен момент за Јувентус бидејќи римскиот тим се наоѓа во криза и денеска го доживеа третиот пораз во последните четири кола. Од сигурен лидер на табелата, Рома кога ќе се комплетира 16. коло биде можела да биде на -6 од првото место.

Јувеентус одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона, напаѓаше речиси цел меч и заслужено дојде до победата. Резултатот го отвори Консеисао во финишот од првото полувреме, а Опенда во 70. минута се погрижи за 2-0. Балданѕи нешто подоцна ја врати неизвесноста, но Рома не успеа да дојде барем до бод на овој меч.