Вашингтон беше незапирлив: Кожув непријатно го изненади Пелистер среде Битола

Кошаркарите на Кожув триумфираа на гостувањето кај Пелистер со 83-76 во 11. коло од Суперлигата.

Пелистер подобро го почна мечот и по првите 10 минути имаше предност од 22-14, но гевгеличани се разиграа во продолжение и до полувреме го свртеа резултатот во своја корист (42-36).

Битолчани беа поконкретни на паркетот во третата четвртина и ја стопија негативата зад ривалот, за во еден момент и да поведат со 58-57. Сепак, лошиот старт на последните 10 минути скапо ја чинеа домашната екипа. Кожув поведе со +11 (76-65), по што Пелистер не успеа да ја врати неизвесноста до крајот (76-83).

Вашингтон го заврши натпреварот со 31 поен и 10 скокови, додека Вилсон кај Пелистер запиша 24 поени и 16 скокови.