Милан си најде засилување во - Партизан?!

Екипата на Партизан игра на високо од почетокот на сезоната во домашното првенство, а еден од оние кои се истакнаа е младиот Андреј Костиќ кој бил забележан од италијанскиот гигант Милан.

Италијанска „Газета“ денеска објави информации поврзани со младиот фудбалер и наведува дека Милан е сериозно заинтересиран да го ангажира веќе во јануарскиот преоден рок. Доколку трансферот се реализира, Костиќ би бил испратен во Серија Д, каде што до крајот на сезоната би настапувал за вториот тим на „росонерите“.

Во својот договор Костиќ со Партизан има откупна клаузула од 20 милиони евра, меѓутоа Милан сигурно ќе се обиде да го добие за пониска сума.

Ќе потсетиме, Партизан по првиот дел од сезоната сигурно ќе биде лидер, само останува да се види со колку бодови разлика во однос на Звезда.