Сензација на Светското првенство во пикадо: Дедо од 71 година победи фаворит! (ВИДЕО)

Oвогодинешното Светско првенство во пикадо донесе сензација уште во првото коло.

На третиот ден од првенството големо изненадување приреди 71-годишниот Пол Лим од Сингапур.

За него ова не е прво учество или победа на еден голем турнир, но е сензационално што до неа дојде на 71 година. Тој успеа да го елиминира Џефри Де Граф кој пред почетокот на дуелот важеше за фаворит.

До победата дојде во меч во кој со својот нешто побавен стил на играа буквално ја кршеше концентрацијата на Швеѓанецот, но тоа не е ништо забрането и е во склад со правилата.