Навивачите на Барса го тролаат Реал: Чаби Алонсо, остани! (ВИДЕО)

Барселона вечерва ја оствари седмата победа во низа во шпанското првенство и му избега седум бода на Реал пред утрешниот меч на „кралевите“ на гости кај Алавес.

„Каталонците“ долго се мачеа, но успеаја да го скршат отпорот на жилавиот противник, но успеаја во последната третина од мечот. Головите на Рафиња предизвикаа еуфорија на Камп Ноу, па навивачите во еден период го прозваа Реал, односно неговиот тренер.

„Чаби Алонсо, остани!“, викаа навивачите на Барселона откако стана јасно дека домашниот тим ќе ги освои бодовите.

Пред месец и пол, кога Барса загуби на Бернабе, Реал имаше предност од пет бода, а во моментов е на -7 со еден натпревар помалку.