Гризман со фантастичен гол го спаси Атлетико од нов кикс (ВИДЕО)
Малку недостасуваше гостите да направат изненадување бидејќи до 74. минута резултатот беше 1-1, но на сцена потоа стапи Антоан Гризман кој на фантастичен начин прими една топка во шеснаесетникот и со прекрасен удар го совлада голманот на Валенсија. Претходно, Коке го отвори резултатот во 17. минута, а Бертран израмни кон средината на второто полувреме.
Со оваа победа Атлетико се зацврсти на четвртата позиција на табелата во Ла Лига и се доближи до Реал кој утре го игра натпреварот на гости кај Алавес.