Крвава пресметка: Изрешетан навивач на Партизан во Белград (ВИДЕО)
Немања бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде што бил опериран и се наоѓа во тешка здравствена состојба. Навивачот на Партизан бил застрелан со осум куршуми, од кои три завршиле во стомакот.
„Телеграф“ пишува дека мета на бруталниот напад и крвава пресметка на подземјето бил поранешниот водач на навивачите на српскиот гигант, Ненад Алајбеговиќ Алибег, кој успеал да избега од ресторанот.
Напаѓачот бил маскиран и се приближил до масата каде што седеле жртвите, по што извадил пиштол и почнал да пука.
Видеото од пукањето во ресторанот во Белград може да се погледне ТУКА.