Кејн даде 36 гола, ама не е играч на сезоната во Бундеслигата

Хари Кејн одбележа уште една сезона во Бундеслигата во која заврши како убедливо најдобар стрелец со 36 гола.

За каков подвиг станува збор, најдобра потврда е тоа што вториот на листата на стрелците, Ундав од Штутгарт постигна 19. И покрај тоа што ја однесе конкуренцијата, Кејн не е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата, туку големото признание отиде во рацете на еден негов соиграч.

Станува збор за плејмејкерот Мајкл Олис кој исто така имаше голем придонес за титулата на Баерн. Францускиот репрезентативец постигна 15 гола ни 19 асистенции, беше најдобар додавач и петти на листата на стрелците во германскиот шампионат.

Кејн ја освои истата награда минатата сезона, а пред него, за најдобри играчи беа прогласен Флоријан Вирц и Џуд Белингам. Признанието се доделува од 2020 година, а во изборот учествуваат навивачите преку официјалниот сајт на Бундеслигата, клубовите и експерти.