Алонсо потпиша со Челси, а веќе е познато и првото засилување

Шпанецот Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Челси од следната сезона, а медиумите пишуваат дека веќе е познато неговото прво засилување во англискиот гигант.

Алонсо сака да ја засили голманската позиција и решил да го купи Мајк Мањан од Милан, кој и претходно беше желба на Челси, но тогаш „сините“ не успеаја да го договорат трансферот.

Новиот тренер на „сините“ ќе има голема улога во реализирање на трансферите на премиерлигашот, а се шпекулира дека сака да донесе и двајца централни дефанзивци.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.