Расинг Сантандер по 14 години се враќа во Ла Лига (ВИДЕО)
На домашен терен, Сантандер го совлада Ваљадолид со 4-1 и на две кола пред крајот на Сегунда, има недостижни седум бода предност пред третопласираната Алмерија. За Сантандер ова е апсолутно заслужен успех ако се знае дека речиси цела сезона беше на чело на табелата.
Последниот натпревар во елитната конкуренција, Сантандер го одигра на 13 мај 2012 година и таа сезона испадна од Ла Лига, освојувајќи го последното, 20. место со само 27 освоени бода. Оттогаш помина низ еден куп предизвици, веќе следната сезона испадна во третата лига, потоа уште четири сезони во низа помина во таа конкуренција, последните четири сезони настапуваше во Сегунда за сега конечно да го оствари својот сон и да се врати во друштво на најдобрите.
Вториот патник во Ла Лига ќе биде познат во последните две кола со тоа што Ла Коруња, која во моментов е второпласирана, сега има натпревар помалку и ист број бодови како Алмерија.
¡ANDRÉS PONE EL 2-1 PARA EL RACING!
— Pablo Puente (@SoyPabloPuente) May 16, 2026
21 goles y participación directa ya en 30.
Y el mérito de Mantilla, que se anticipa para robar y fuerza el penalti y la expulsión posteriormente arriesgando el físico. pic.twitter.com/sNlUtBwnZ6
Фото: Facebook/Real Racing Club