На Роналдо му избега уште еден трофеј (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо останува без освоен трофеј со Ал Наср и покрај тоа што неговиот тим оваа сезона учествуваше во азиската Лига на шампиони 2 (пандан на Лигата Европа).

Ал Наср стигна до финалето, мечот за титулата се играше во Ријад, но победата и трофејот ги однесе јапонската Гамба Осака која славеше со 1-0. Јапонците погодија од единствениот директен шут, во 30. минута преку Хумет, додека фудбалерите на Ал Наср имаа 20 шута од кои шест во рамките на голот на Гамба.

Интересно е тоа што Ал Наср беше апсолутен фаворит за победата на овој меч и квотата за негов триумф во обложувалниците изнесуваше 1,45, за разлика од Гамба Осака на која беше 6.

Роналдо ќе има шанса конечно да го симне проклетството ако неговиот тим триумфира во последното коло од саудиското првенство. Во пресрет на финалниот круг, Ал Наср има два бода предност пред Ал Хилал и со победа, португалскиот ас конечно ќе го прекине петгодишниот пост.