Салах го живее последниот месец во Ливерпул - во јануари си оди!?

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах по се изгледа нема да ја доигра оваа сезона во тимот на Ливерпул.

Напаѓачот е во ужасна форма, а неговите игри се одразуваат и на резултатите на неговиот тим кој е далеку од врвот на табелата и со минимални шанси да ја одбрани титулата. Таквата ситуација со него ги охрабрува клубовите од Саудиска Арабија да тргнат по потписот на еден од најдобрите голгетери во историјата на Премиер лигата.

Но, она што е најинтересно, тие веруваат дека можат да го добијат Салах веќе во јануарскиот преоден рок и тоа на попуст. 

„Неколку официјални лица на ПИФ (Саудиски државен инвестиционен фонд) и Про лигата веруваат дека клучот е во ивни раце. Формата на Салах, неговото незадоволство, потребата за промени во Ливерпул, како и фактот дека имаат премногу напаѓачи, сето тоа го турка кон Блискиот Исток“, пишуваат саудиските медиуми.

Дека и Слот повеќе не верува во својот напаѓач, најдобро зборува фактот што Салах не беше во стартната постава на последните два натпревара.