Шкендија со триумф во Куманово замина на зимска пауза

Eкипата на Шкендија не дозволи изненадување и славеше победа во рамките од 16. коло во ПМФЛ на гости во Куманово кај Башкими со 3-1.

Натпреварот започна фуриозно и во првите седум минути видовме два погодоци. Прво Алими по едно нафрлување си ја погоди сопствената мрежа, а само три минути подоцна Алексовски на спротивната страна ги врати работите како на почетокот.

Шкендија во продолжение беше подобар противник и повеќе напаѓаше, па тоа се исплатеше во 34. минута кога дојдоа и до целосен пресврт. Со предност од еден гол заминаа и на паузата.

Во второто полувреме, Башкими беше опасен создаде прилики од кои можеше да дојде до ново израмнуваање, меѓутоа кога не ги искористи стигна казната преку Фитон Адеми кој на 15-тина минути до крајот ги постави конечните 3-1.

Шкендија така овој прв дел на сезоната го завршува со 36 бода на третата позиција зад лидерот Вардар (42) и второпласираната Струга (41). Башкими е петти и одморот за нив доааѓа можеби во вистинско време затоа што врзаа три порази на последните три средби.