Буендија го расплака Арсенал во последната секунда! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал го претрпеа само третиот пораз во сезоната откако денеска на гости кај Астон вила беа поразени со 2-1 и тоа со гол во последните моменти од средбата.

Тргнаа избранците на Артета подобро во денешниот натпревар и создаваа прилики пред голот на на домаќините, а кога не ги искористија стигна казната.

Метју Кеш го искористи нафрлувањето од левата страна откако со топката играше и еден од дефанзивците на Арсенал за да ја смести во мрежата за 1-0 во 36. минута.

Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. Арсенал успеа брзо да се врати во второто полувреме и преку Тросар израмни во 52. минута.

До крајот следуваа шанси и на двете страни, а клучниот момент Емери го направи во 85. минута кога во игра го уфрли Буендија кој во 94. минута успеа да го совлада Раја и да донесе важни три бода за својот тим.