Ферстапен утре од пол-позицијата ќе ја напаѓа својата петта титула!

Maкс Ферстапен одработи одлични квалификации пред утрешната последна трка во сезоната на која ќе ја има пол-позицијата.

За Ферстапен ова е осма пол-позиција сезонава до која дојде со време од 1:22:207, но сигурно и најважна затоа што утре ќе води битка за титулата со двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри кои ќе стартуваат од втората позиција и третата позиција.

Ќе потсетиме, пред утрешната трка Норис има 12 бодови повеќе од Ферстапен и 16 поени повеќе од Пјастри и сите тројца возачи влегуваат со свои шанси за титулата. Ферстапен ќе се обиде да дојде до својата петта титула во низа, но за тоа ќе мора да победи, меѓутоа и да чека грешка од Норис.

Во првите десет денеска завршија уште: Џорџ Расел, Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Габриел Бартолето, Себастијан Окон, Исак Хаџар и Јуки Цунода.

Утрешната трка е закажана за во терминот од 14:00 часот.