ФИФА за ова Светско првенство го врати старото правило од 2006 година

Светската фудбалска федерација, ФИФА одлучи за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико на сила да го врати правилото кое го промени во 2006 година.

Имено, ФИФА по вчерашната ждепка соопшти дека ќе биде направена важна промена кога во прашање е бодувањето во групната фаза.

Во последните 20 години во рангирањето во случај на ист број на бодови предност се даваше на гол-разлика, а сега тоа ќе се промени и ќе се гледа меѓусебниот дуел на репрезентациите.

Така ако две репрезентации имаат ист број на бодови подобро рангирана ќе биде репрезентацијата која остварила подобар меѓусебен дуел, ако тој е изедначен, тогаш ќе се гледа гол-разликата.

Причина за ваквата промена на ФИФА е обидот да спречи репрезентациите да ја поправаат својата гол-разлика во средбите со послабите репрезентации.

Пласман во нокаут фазата од групите ќе обезбедуваат првите две репрезентации и најдобрите осум третопласирани.