Без победник денеска во ВМФЛ: „Нула“ во Кочани, ефикасно реми во Гевгелија
Осогово и Новаци кои во последно време играа во добра форма и одиграа неколку натпревари без пораз, ја продолжија таа низа ремизирајќи без голови во пресметката меѓу себе.
Домашниот тим создаде повеќе прилики и напаѓаше за да дојде до гол, но гостите успеаја да ја зачуваат својата мрежа.
Без победник заврши и средбата во Гевгелија, помеѓу Кожуф и Вардар Неготино каде се постигнаа по два гола на двете страни (2-2).