Ракометарките со одличен финиш до големо реми со Словенија!

По победата над Турција вчера македонските ракометарки денеска одиграа уште еден добар натпревар во кој ремизираа со Словенија (23-23).

Македонија имаше и напад за победа за кој имавме 20-тина секунди, но не успеавме да го искористиме, па средбата заврши без победник.

Избраничките на селекторот Грчевски одлично го отворија натпреварот и поведоа со 4-1, но потоа Словенија го подигна нивото на игра и до крајот на првиот дел успеа да го сврти резултатот и да поведе со 13-11.

Во второто полувреме Словенија во најголем дел беше во водство, но најмногу од три гола разлика (20-17). Македонја, сепак не се откажуваше и во последните минути дојдовме до израмнување на 21-21. Во самиот финиш и поведовме со 23-22, но Словенија израмни, а ние не го искористивме следниот напад за победа.

Утре Македонија го игра последниот натпревар на меѓународниот турнир во Анкара, а противник ќе ни биде Словачка која има максимални две победи во првите натпревари.