Мекрегор сака нова борба, го предизвика роднината на Кабиб!

Koнор Мекгегор иако подолг период не е активен во кафезот најави дека би сакал борба со Ислам Махачев.

Мекрегор пред девет години успеа да стане првиот борец кој истовремено држел два појаси, а неодамна тоа му успеа и на Махачев кој со победата над Џек Дел Мадалена стигна до титулата во валтер категорија.

Ирецот порача дека го интересира само појас, а до својот ривал испрати и пофалби.

„Самиот себе сум најголема мотивација и сигурно сакам да добијам прилика да го нападнам тој појас. Сакам шанса за појаост во валтер категорија, тоа би било добра категорија. Махачев имаше добар настап, навистина секоја чест до него“, истакна Мекгрегор.

Ќе потсетиме, Мекрегор последната борба во октагон ја имаше во 2021 година кога беше поразен од Дастин Порие.