Брутална победа на Гого Славески, го среди противникот уште во прва рунда! (ВИДЕО)
Славески агресивно ја почна борбата, веднаш нападна, судијата дури четирипати ја стопираше рундата пред да одлучи дека Фар Форт не може да продолжи и го прогласи Македонецот за победник.
Тоа беше победа по само една минута и 34 секунди. Импресивна партија на Гого Славески кој сега има седум победи и еден пораз во БКФЦ. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување.