„Марка“ удри по засилувањето на Реал: Неспособен е и безвреден!
Посебно остра беше „Марка“ која важи за медиум близок до „кралевите“. Еден од нејзините најпознати новинари, Алфредо Релано не штедеше критки за англискиот фудбалер.
„Сега кога е Трент тука, изгледа како неспособен и безвреден играч. Во отворена игра како да не постои. Во текот на натпреварот со Жирона подари гол на противникот со едно лошо додавање, а исто така и неговите центаршути беа непрецизни“, стои во текстот на „Марка“.
Критиките посебно се засилија откако Реал на последните три лигашки натпревари не запиша победа и ремизирраше на сите три.
Фото: EPA