Локомотива се пофали со Трајковски! (ФОТО)
Откако вчера и самиот Трајковски ја најави преселбата во Локомотива каде што пристигнува како слободен фудбалер, сега и клубот го претстави со објава на социјалните мрежи.
„Локомотив со гордост го претставува најновото засилување - Александар Трајковски. Искусниот македонски репрезентативец и долгогодишен интернационалец присигна на Кајзерица. Трајковски во Загреб пристигнува по две години во Хајдук каде што на 32 настапи во ХНЛ постигна десет гола. Посебно се истакна токму против Локомотива во поледното коло од сезоната 2023/2024 кога постигна хет-трик“, стои во објавата.
За Трајковски, Локомотива ќе биде трети клуб во Хрватска бидејќи во минтото го носеше и дресот на Интер Запрешиќ.