Ред Бул во војна со Мерцедес по трката во Катар - главен виновник е Антонели! (ВИДЕО)

Инцидентот во завршницата од трката во Катар предизвика бура во светот на Формула 1, а главен виновник е младиот возач на Мерцедес, Кими Антонели.

Антонели направи грешка во финишот, која беше искористена од Ландо Норис да го премине на патеката, меѓутоа советникот на Ред Бул, Хелмут Марко смета дека возачот на Мерцедес намерно направил таков потег.

Марко го обвини Антонели дека намерно направил грешка за да го пропушти Норис, кој го освои четвртото место, а со тоа освои важни бодови во трката за шампионската титула.

„Намерно го пушти да помине. Беше очигледно“, кажа советникот на Ред Бул, а во критиките се приклучи и инжинерот на Макс Ферстапен.

Норис е лидер со 408 бодови, по што следи Ферстапен со 396, а трет е Оскар Пјастри со 392 поени на една трка пред крајот.

Фото: EPA