Флик составил список на желби, има план за посилна Барселона!

Според информациите на шпанските медуми, Ханси Флик веќе го претставил својот план за нови засилувања во Барселона.

Во разговор со спортскиот директор Деко, Флик појаснил дека му се потебни централен дефанзивец, крилен напаѓач и класична „деветка“.

Најголем приориет е доведување на стопер кој игра со левата нога, заминувањето на Иниго Мартинез минатото лето остави голема празнина и Флик смета дека му недостасува фудбалер од таков профил.

На листата желби се: Гонзало Инасио, Џејсон Муриљо, Нико Шлотербек, Луис Бенедети и Марк Гуехи кој од лето ќе биде слбооден. Како идеални опции се споменуваа Бастони и Шлотербек кој има откупна клаузула од 60 милиони евра.

Исто така потребно е и засилување во нападот бидејќи Левандовски ќе наполни 38 години. Тука се споменуваат: Хулијан Алварез, Хари Кејн, Серхи Гираси и Ете Ејонг.