Илиевски: Кошаркарите заслужуваат честитки, за краток период одлично се вклопија

Предводникот на македонската репрезентација Марјан Илиевски е задоволен од изданието на нашиот тим на дуелот против Азербејџан, одигран вечерва.

Сениорите делуваа далеку посигурно во однос на летните натпревари и впечаток е дека добро ќе се снајдеа и со многу посилен ривал. Сепак, Илиевски смета дека нема простор и време за славје бидејќи следува можеби најтешкото гостување во овој циклус - во Ирска.

„Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого, но мора да ги пофалам играчите дека за краток период одлично се вклопија и тоа што го покажаа на теренот и на семафо, е заслужено. Ни следува патување за Ирска, овој дуел со Азербејџан го забораваме и архивираме и се подготвуваме за она кое ни следи. Како и за секој меч, мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа и се повозрасни. Мора да функционираме со енергија на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални“, изјави Илиевски.

Дуелот против Ирска се игра в недела со Даблин и со евентуален триумф Македонија ќе биде на чекор до пласман во втората претквалификациска фаза.