Шкендија дуелот со Дрита го најави како да е првак на Албанија, а не на Македонија (ФОТО)
На клупскиот профил овој натпревар е промовиран со знамиња на Албанија и на Косово, без воопшто да се спомене државата од која добија можност да се натпреваруваат во Европа и без никаков нејзин симбол.
„Надвор од границите, ние сме едно. Еден народ, два тима – едно чувство“, пишуваат од Шкендија во најавата на гостувањето кај северозападниот сосед.
Делумно, ова и не е толку нова националистичка реторика поврзана со тетовци, но изненадувачки е што овој пат доаѓа од официјален канал на клубот, бидејќи досега тоа било гледано само од навивачите на овој тим. Таканаречените „Балисти“ имаат десетина инциденти поврзани со навреди на македонскиот народ, промоција на Голема Албанија, а кулминација беше изживувањето и свирежите упатени за време на едноминутниот молк во чест на жртвите во пожарот во Кочани.